Twitter може да се најде во проблеми, затоа што ги крши руските закони со тоа што не ги брише информациите што се забранети во Русија, иако тоа го побарала Роскомнадзор (Федерална служба за следење на комуникациите, информатичките технологии и масовните медиуми).
Бројот на поплаки од Роскомнадзор отфрлени од Twitter надминува 2.800.
„Од 2017 година, социјалната мрежа Твитер не избриша 2.862 твитови со забранети информации“, се вели во соопштението на Роскомнадзор.
Се додава дека оваа агенција испратила повеќе од 28.000 барања до американската социјална мрежа за отстранување на материјалот за забранетите податоци, пренесува агенцијата ТАСС.
Во Русија е во сила закон од 1 февруари, според кој социјалните мрежи мораат сами да идентификуваат и блокираат забранета содржина, а исто така се бара мрежите веднаш да преземат мерки за бришење и забрана.
Доколку не е можно веднаш да се пристапи до содржината во рок од 24 часа, административните тимови на социјалните мрежи мораат да ги испратат податоците до Роскомнадзор.
Извор: B92.net