ViewSonic претстави 31,5-инчен LCD монитор, со ознака VX3276-2K-MHD-72, кој го карактеризираат тенки рамки околу дисплејот, како и стилизиран дизајн со метален сребрен сталак.
Резолуцијата на дисплејот изнесува 2560 x 1440 пиксели, а опремен е со IPS anti-glare панел, што користи SuperClear IPS панел технологија за да постигне јасен и стабилен квалитет на сликата. Поддржани се 1,07 милијарди бои и HDR10, додека технологијата на синхронизација поддржува Adaptive Sync.
Главните спецификации на мониторот се максимална осветленост од 250 нита, одзив од 4ms, брзина на освежување од 75Hz, контраст од 1200:1 и агли на гледање од 178 степени хоризонтално и вертикално. Тука се и функциите за заштита на очите, како што се flicker-free технологија и филтер за сино светло.
ViewSonic VX3276-2K-MHD-72 мониторот има четири интерфејси за конекција, а има и по еден DisplayPort 1.4 и miniDisplayPort 1.4, како и два HDMI 1.4 порта. Присутни се два вградени 2W звучници и стерео мини излез. Компанијата нуди тригодишна гаранција, а цената не е објавена.