Со оглед на тоа дека гледаме се се повеќе игри со огромни големини (Call of Duty и Cyberpunk 2077 заедно заземаат околу 250 GB), интерниот SSD од 825 GB достапен за PlayStation 5, полека станува недоволен. Сега се појавија информации дека корисниците конечно ќе добијат можност да уфрлат уште еден драјв во моментно празниот M.2 слот за проширување М.2 во PlayStation 5 конзолата. Bloomberg известува дека ова ќе биде можно во текот на летото оваа година.
Дополнителното складирање ќе биде овозможено преку ажурирање на фирмверот, кое наводно ќе ги отклучи и поголемите брзини на ладење на вентилаторот, за да се спречи прегревањето. Откако ќе пристигне ажурирањето, корисникот ќе треба само да го отстрани пластичниот капак за да му пристапи на слото за складирање и да го инсталира драјвот.
PlayStation 5 е компатибилен со актуелната и следната генерација на PCIe 4.0 M.2 SSD дискови, но се очекува дека Sony ќе ја објави листата на модели што ќе бидат поддржани. PS5 Конзолата доаѓа со 825GB SSD, од кои само 667GB се употребливи. На конзолота е можно е да се поврзат стандардни хард дискови преку USB порт, но тие работат само со постарите PS4 игри.