Во текот на работата на проектот Loon, вработените во Google останале шокирани кога дознале дека вештачката интелигенција сама ја научила и применила техниката, каква што пред повеќе стотици, а можеби и илјадници години ја користеле морепловците.
„Никогаш не сум се чувствувал толку паметно и глупаво во исто време“, го опишал ова искуство еден од учесниците на овој проект, Салваторе Кандидо.
Имено, целта на компанијата Google била со помош на огромни балони, да се овозможи пристап на интернет таму каде што тоа не е можно поради инфраструктурата (токму она што Маск го прави со Starlink). Сепак, проектот Loon долго се „држел“, но бил прогласен за неуспешен, па поради тоа неодамна било објавено дека ќе биде запрен.
Додека се уште била во рана фаза, истражувачите ја научиле вештачката интелигенција како се управува со балон, за што побрзо да го доведе од Порторико до Перу. Тие со месеци го усовршувале и програмирале алгоритмот, но вештачката интелигенција постојано го водела балонот во некој друг правец.
Истражувачите станале безнадежни, па на крајот одлучиле да ја остават вештачката интелигенција сама да го води балонот по патот по кој што таа сака, а потоа следело големо изненадување. Вештачката интелигенција успеала потполно сама да научи нова техника на движење против ветрот. Оваа техника со векови, па дури и милениуми претходно ја користеле морепловци.
Како што можете да претпоставите, ова бил пат по кој се стигнувало многу побрзо до Перу отколку оној кој научниците го зацртале.
Од една страна, ова е одличен пример како вештачката интелигенција може да нѝ покаже како некои работи да ги правиме поефикасно. Сепак, ако работите се согледаат малку поинаку, по малку застрашувачки е тоа што вештачката интелигенција се заканува да стане „опасно непредвидлива“, пренесува BBC.