Xiaomi се очекува да го претстави Mi 11 Ultra телефонот, со три камери и мал, секундарен екран на задната страна. Според информациите на дојавувачот Ice Universe, новиот смартфон ќе биде првиот што ќе го имплементира новиот 50MP Samsung ISOCELL GN2 сензор, кој беше објавен во текот на вчерашниот ден.
Гласините од претходно сугерираат дека Xiaomi Mi 11 Ultra ќе има 50MP главен камера сензор, 48PMP ултраширок и телефото сензор od 48MP, што им дава kredibilitet на новите информации. Xiaomi соработува со јужнокорејската компанија повеќе од две години, имплементирајќи сензори пред да пристигнат на уредите на другите производители.
Во јануари 2019 година, Redmi Note 7 стана првиот телефон со 48MP камера, благодарение на Samsung GM1 сензорот. Потоа Redmi Note 8 Pro го имплементираше имплементираше 64MP GW1 сензорот, по што Xiaomi Mi CC9 Pro (познат и како Mi Note 10) беше прв со 108MP ISOCELL HMX сензор.
Samsung претстави 50MP ISOCELL камера сензор со Dual Pixel Pro технологија (ВИДЕО)