Гласините од пред неколку дена се покажаа како точни – навистина ќе добиеме нова верзија на видео играта Diablo 2. Сепак, тоа нема да биде Diablo што го паметиме, туку ремастер на познатиот наслов на RPG.
Diablo 2: Resurrected може да се опише и како „римејк“, бидејќи Blizzard ја креира 3D графиката за видеоиграта со нов engine.
Секако, постојат стандардни работи кои ги придружуваат ваквите изданија – поддршка за 4K, 144Hz, подобрен звук, како и опција за промена на поставките за графика помеѓу старите и новите.
Diablo 2 Resurrected announced, a remaster of Diablo 2. pic.twitter.com/0yLBRByLJi
— DEXERTO.COM (@Dexerto) February 19, 2021
Постојат и подобрувања на квалитетот на играта, како што е споделен инвентар за сите карактери, како и опции за auto-looting. Ова се опции кои неодамна беа откриени на BlizzCon.
Diablo 2: Resurrected ќе биде објавена оваа година за PC и конзоли и тоа со меѓуплатформска прогресија.
Пред да се појави видеоиграта, Blizzard ќе спроведе техничко алфа тестирање.