Американската вселенска агенција NASA предупреди на „дожд“ од астероиди кои се движат кон Земјата, а нивниот дијаметар се движи од 10 до 213 метри.
NASA постојано ја следи состојбата во вселената и открива астероиди кои се потенцијална закана за Земјата, а оваа недела не е исклучок бидејќи најмалку пет вселенски карпи се очекува да поминат покрај нашата планета.
Двата астероида 2021 DD1 и 2021 DK1 со дијаметар од 10, односно 61 метар, на растојание од 1,6 односно 6 милиони километри, вчера поминаа покрај Земјата.
Но, тоа беше само „загревање“, бидејќи денес се очекува да помине и астероидот 2020 XU6, со големина на стадион, односно 213 метри во дијаметар. Астероидот е двојно поголем од лондонскиот Биг Бен. Астероидот се движи со брзина од 8,4 километри во секунда, или 30.240 км/ч. Ова значи дека ќе му треба малку повеќе од еден час да направи круг околу Земјата. Астероидот ќе биде на растојание од околу 4 милиони километри.
Следува астероидот 2020 BV9 со дијаметар од 23 метри на растојание од 5,6 милиони километри, а потоа и астероидот 2020 CC5 со дијаметар од 40 метри на растојание од 6,9 милиони километри.
Извор: Klix.ba