Samsung минатата година го претстави одличниот Galaxy Tab S7, а оваа година би можеле да видиме и објава на подостапна верзија на овој таблет уред. Twitter профилот WalkingCat го објави можниот маркетиншки материјал за Galaxy Tab S7 Lite.
Нема премногу информации за уредот, но се сугерира дека Galaxy Tab S7 Lite ќе има 12,4-инчен дисплеј и 5G конекција. Таблет уредот наводно ќе ја поддржува и Samsung Galaxy Continuity функцијата, која на корисниците им овозможува да добиваат телефонски повици и пораки од компатибилните Galaxy телефони.
— WalkingCat (@_h0x0d_) February 18, 2021
Не се очекува дека претстојниот Lite таблет ќе биде толку моќен како и Tab S7, но ќе има подостапна цена. Galaxy Tab S7 чинеше 649 $ по објавата, додека Lite моделот би можел да чини под 500 долари. Според наводите на дојавувачот, таблет уредот ќе биде објавен во текот на јуни, кога се очекува и Tab A7 Lite.