Претставувањето на Xiaomi Redmi K40 серијата телефони е закажано за 25 февруари, а брендот сега прикажа нов тизер за оваа објава. Постерот го открива системот на камери на задната страна на уредот.
Фотографијата ни покажува „AI triple camera“ систем, кој има две големи камери, позиционирани вертикално. Постојат два помали отвори помеѓу двете камери – еднниот од нив е трета камера, додека намената на другиот отвор не е позната.
Потврдено е дека Redmi K40 телефоните ќе работат на Snapdragon 888 чипсет. Некои извори сепак сугерираат дека овој процесор е резервиран за K40 Pro, додека стандардниот Redmi K40 може да го користи Snapdragon 870.
Другите спецификации вклучуваат батерија од 4500mAh, Android 11, AMOLED панел со сензор за отпечатоци под екранот и punch-hole отвор за селфи камерата.
За време на презентацијата би можеле да го видиме i третиот модел – Redmi K40S, но засега не се знае ништо за овој телефон, освен можното име.
Поврзани артикли