Вселенската агенција NASA објави спектакуларни фотографии од слетувањето на роверот на Марс, кој пристигна на „црвената планета“ во четвртокот вечерта по седуммесечен лет.
Првата фотографија објавена од NASA се однесува на слетувањето на роверот на површината на Марс и го покажува роверот кој се приближува до површината на Марс. Камерата ја сними перспективата, нешто што не беше можно во претходните мисии, пренесува CNN.
На снимката се гледа како се крева прашина од површината на Марс поради работата на моторот на роверот, кога тој бил само 6,5 метри над површината.
Првите слики што роверот ги испрати во четвртокот вечерта беа црно-бели, а подоцна пристигнаа и фотографии во боја.
На една од нив се гледаат и камења на Марс.