Motorola Moto E7 Power за кој се појавуваа гласини во претходните недели, сега официјално е претставен во Индија.
Moto E7 Power има 6,5-инчен 20:9 HD+ дисплеј, со засек во кој е сместена 5MP селфи камера. Телефонот го покрекува Helio G25 čipset, користи Android 10 софтвер и има две опции на меморија и простор за складирање: 2GB/32GB и 4GB/64GB. Присутен е и слот за microSD картички, за проширување на склдирањето до 1TB.
На задниот дел од уредот има сензор за отпечатоци од прсти, како и систем камери кој се состои од главен сензор од 13MP и макро сензор од 2MP. E7 Power има и доделено Google Assistant копче од десната страна на рамката.
Останатите карактеристики на Moto E7 Power се 2×2 MIMO, IP52 заштита, 3,5 мм приклучок и USB-C порт. Телефонот доаѓа во Tahiti Blue и Coral Red варијанти на бои, а се напојува со 5000mAh батерија со поддршка за 10W полнење.
Во соопштението, Motorola истакнува дека Moto E7 Power е „100 проценти креиран во Индија“, каде ќе се најде во продажба од 25 февруари. Цената на смартфонот околу 105 долари за 2GB/32GB моделот и околу 115 долари за 4GB/64GB варијантата.
Засега нема информации за глобалната достапност на Motorola Moto E7 Power, ниту за Moto E7i Power моделот, кој исто така се појави во гласините.
Поврзани артикли