Компанијата Nintendo ја враќа својата Mario Golf серија на конзолата Switch под нов наслов.

Станува збор за новата игра Mario Golf: Super Rush која на играчите ќе им биде достапна од 25-ти јуни. Станува збор за шести наслов на серијата и прв откако беше објавен World Tour за рачната конзола Nintendo 3DS од 2014. година.

Се чини дека играта го содржи стандардниот гејмплеј на Mario со мултиплеер и различни модови, а од Nintendo најавија и нов мод за Super Rush.

На Nintendo Switch ќе пристигнат и видео игрите Fall Guys, Neon White, The Legend of Zelda: Skyward Sword HD, Outer Wilds и други.

Извор: Klix.ba