Значајноста на ова откритие е во тоа што сугерира дека животот во најтешкото опкружување на Антартктикот е прилагодлив и разновиден, за разлика од тоа што се мислеше досега.
Биолозите велат дека случајното откритие на морскиот живот на карпите под антарктичкиот мраз, го отвора прашањето за нашите досегашни разбирања – како организмите можат да живеат во опкружување далеку од сончевата светлина, пренесува New Scientist.
Тимот научици пробушил 900 метри дебела ледена плоча и спуштил камера во дупката во потрага по кал на морското дно. На нивно изненадување, камерата открила карпа која што ја опкружувале животните.
Очигледно дека снимката прикажала 16 сунѓери, како и 22 неидентификувани животни меѓу кои ималo и членконоги животни. Тоа е првпат таков облик на живот да се пронајде под антарктичкиот мраз.
„Постојат разни причини поради кои суштествата не треба да бидат таму“, вели Хју Грифитс од „British Antarctic Survey“ кој што ги анализирал видеата.
Се смета дека животните кои што веројатно се хранат преку филтрирање, преживуваат во вода од – 2 степени Целзиусови.
Загатката е во тоа што тие се исклучително далеку од очигледните извори на хранливи состојки, со оглед на тоа каде се наоѓаат.
„Храната на сунѓерите веројатно ‘патува’ од поголема оддалеченост“, вели Грифитс.
Извор: Alo.rs