Претходните извештаи сугерираа дека Sony може да објави три нови телефони во февруари. Првиот меѓу нив може да биде Sony Xperia 1 III, со премиум Snapdragon 888 чипсет. Вториот е Xperia 10 III со Snapdragon 690 чип, а трет би можел да биде Xperia L5 со Helio P35 чип.
Xperia 10 III сега се појави на Geeekbench, со ознака на модел A00S3O. Смартфонот е наведен со неименуван Qualcomm чипсет, со кодно име „lito“ и има основен такт од 1.8GHz. Со чипсетот доаѓа 6 GB RAM меморија, а за софтверска поддршка е задолжен Android 11 OS.
Во single-core тестот, телефонот оствари 601 поен, додека во multi-core тестот забележа 1821 поен. Ова се резултати што повеќе и одговараат на Snapdragon 6-серијата чипови, па можно е моделот A00S3O да е токму Xperia 10 III.
Претходните гласини сугерираа дека Xperia 10 III ќе користи 6-инчен FHD+ екран, сензор за отпечатоци од страна на рамката, 12MP главна камера, 8MP телефото и 8MP ултраширок сензор.