Дополнителна услуга за интернет безбедност на фиксната мрежа за корисниците на Македонски Телеком
Дополнителна услуга за интернет безбедност на фиксната мрежа за корисниците на Македонски Телеком.
За прв пат на пазарот Македонски Телеком ја воведува дополнителната услуга – SafeNet HOME, за интернет безбедност на фиксната мрежа.
SafeNet HOME нуди заштита од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање, при сурфање на фиксната мрежа на Телеком. Ги заштитува сите уреди поврзани на интернет преку домашната мрежа, без разлика дали се поврзани преку wi-fi или мрежен кабел.
Услугата се активира едноставно преку TelekomMK апликацијата, не бара инсталации и ажурирања на софтвер на уредите и функционира без разлика на типот на уред или оперативен систем. Достапна е за корисниците на Magenta 1, за 99 денари месечно, а при првото активирање на услугата – промотивно 3 месеци без надомест.
За целосно да се заштитите од потенцијални напади и злоупотреби на интернет, обезбедете ја и вашата мобилна мрежа со SafeNet MOBILE, а за безбеден бизнис во дигиталниот свет користете SafeNet OFFICE.
Безбедното пребарување на интернет зависи од вашите активности додека сте онлајн. Преземањето софтвер, купувањето и плаќањето сметки онлајн носат ризици кои не можете секогаш да ги забележите. Затоа, за целосна безбедност во дигиталниот свет заштитете се со SafeNet HOME, SafeNet MOBILE и SafeNet OFFICE.
Повеќе информации на: www.telekom.mk