Се чини дека и Amazon тивко би можел да навлезе во светот на криптовалутите.
Се чини дека издавањето на сопствени криптовалути наскоро би можело да биде многу популарно. Имено, веќе неколку компании најавија дека би сакале да издадат своја криптовалута (да се потсетиме на проектот Libra на Facebook, сега Diem), а сега по сличен пат може да тргне и Amazon.
Иако компанијата официјално (или неофицијално) не најави ништо, се појави оглас со кој се бараат заинтересирани лица да се приклучат на нивниот оддел Digital and Emerging Paymets (дигитални и нови плаќања), што е во фаза на развој на системот, што би им овозможил на корисниците на пазарите во развој да „ги конвертираат своите пари во дигитална валута“.
Како што јавува TechRadar, проектот својата премиера треба да ја доживее во Мексика, но не е познато кога, ниту во каков точно облик.Се шпекулира дека криптовалутата на Amazon би можела да биде ограничена само на нивната платформа и, барем на почетокот, да биде достапна само на некои пазари.
Поврзани артикли