Фотографија снимена со дрон за време на пожар во северниот дел на Австралија ја доби главната награда во натпреварот Wildlife Photographer of the Year.
Фотографијата од пожарот со дрон ја направи Роберт Ирвин, синот на починатиот зоолог Стив Ирвин. Оваа фотографија доби 55.000 гласови од луѓето ширум светот.
На фотографијата е овековечен моментот додека огнената стихија ја покорува шумата, а пожарите како овој и понатаму се закана за загрозените видови и различните екосистеми кои постојат. Фотографијата служи и како потсетник дека пожарите уништија големи делови во Австралија во текот на летото, зедоа стотици животи, уништија илјадници домови и запалија милион хектари земја.
A massive congratulations also goes to the four 'Highly Commended' images from this year’s #WPYPeoplesChoice Award. This wonderful array of images has poignancy from @Amivee, surrealism from @gesteves, innovation from Neil Anderson and endurance from Andy Parkinson. pic.twitter.com/yj3OKVuk8H
— Wildlife Photographer of the Year (@NHM_WPY) February 10, 2021
Меѓу фотографиите е и онаа на која е прикажан последниот бел северен носорог кој подоцна почина, а има и други одлични фотографии.
Извор: Klix.ba