VLC овој месец наполни 20 години постоење, а во тој период популарниот видео плеер е преземен над 3,5 милијарди пати и не покажува знаци на заостанување.
Работата на верзијата 4.0 е речиси завршена и се очекува објавување на стабилна верзија во следните месеци. Корисничкиот интерфејс ќе биде редизајниран од темел, а поголема карактеристика ќе биде Moviepedia Project. Се работи за своевиден конкурент на IMDB со можност корисниците да придонесуваат со внесување содржини како на веб-страницата на Wikipedia.
Новиот VLC уште повеќе ќе се фокусира на репродукција на видеа од интернет, потпирајќи се на екстензии за пронаоѓање надворешна содржина. Тимот работи и на VLC верзија што ќе работи во рамките на веб-прелистувачот, а безбедноста исто така ќе биде една од поважните карактеристики на верзијата 4.0 на платформата.
Претседателот на VideoLAN фондацијата во еден момент спомена видео сервис кој беше поддржан од реклами и огласи за да може проектот да биде профитабилен.