Најновото ажурирање на Google Photos додава преработено искуство за обработка на видео, со опции за кропирање, измена на перспектива, грануларна обработка (осветленост, контраст, сатурација, топлина на боите) и вградени филтри. Претходно, вградениот видео едитор дозволуваше само измена на должината, примена на софтверска стабилизација и ротирање на содржината.
Членовите на Google One добиваат дополнителни опции за обработка на фотографии, кои досега биле ексклуизвно достапни на Pixel телефоните. Овие ги вклучува Portrait Blur и Portrait Light, кои се потпираат на машинско учење за заматување на позадината и додавање на осветлување на лицата на веќе креираните фотографии. Исто така, постојат и Blur и Color Pop филтри, кои додаваат информации за длабочина на фотографиите креирани без портретен режим.
Динамичките препораки и Sky препораки автоматски ќе ги прикажат боите и ќе го прилагодат контрастот на фотографиите, за да ги направат попривлечни на изглед. Овие функции ќе им бидат достапни за сите членови на Google One, со уреди што користат барем Android 8.0 и ќе имаат 3 GB RAM и повеќе.
Поврзани артикли