Од претходно знаеме дека Galaxy A52 4G ќе работи со Snapdragon 720G чипсет, ќе има Android 11 од старт и 8 GB RAM меморија, а новите информации откриваат и 128 GB простор за складирање и 6,5-инчен 60Hz Super AMOLED дисплеј.
Телефонот ќе има вкупно пет камери. Од предната страна се очекува 32MP селфи сензор, додека на задната страна ќе се најдат 64MP главна камера, 12MP сензор и два модулa од 5MP.
Уредот ќе го напојува батерија од 4500mAh со поддршка за 25W полнење и ќе има четири опции во боја: сина, лаванда, бела и црна.
Ќе има и 5G верзија на Galaxy A52 телефонот, за кој изворот тврди дека ќе чини околу 480 долари, а ќе доаѓа со Snapdragon 750G чипсет.
Samsung Galaxy A52 5G ќе има 6,5-инчен AMOLED екран, Android 11, 6GB/8GB RAM и батерија од 4500mAh со полнач од 15W што ќе биде вклучена во пакетот.
Поврзани артикли