Шестото издание на “Business Trophies 2021” се одржа во Париз на иницијатива на списанието „Kilomètres Entreprise“.
PEUGEOT e-208 ја освои првата награда во категоријата „Electric Business 2021“.
Наградите беа доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 беа од редакцијата на „Kilomètres Entreprise“. Станува збор за девет „бизнис“ трофеи, за вкупно 79 возила избрани помеѓу иновативните креации, што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите. Во категоријата „Electric Business“ за 2021 година, PEUGEOT e-208 победи 11 кандидати со вкупно 20 поени и ја освои првата награда.
PEUGEOT 208 веќе доби 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и наградата за „автомобил на годината во 2020 година“. Новиот PEUGEOT 208 ги вклучува најновите стилски кодови на Брендот, особено со иновативниот PEUGEOT i-Cockpit® со 3D-инструмент табла, при тоа безбеден и естетски.
Тој им овозможува „слобода на избор“ на идните клиенти, бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел.
„ We are very proud that the PEUGEOT e-208 has been recognized as the best business electric vehicle of the year. The group’s product strategy on this multi-energy platform is rewarded and allows the PEUGEOT 208 to be recognized for its intrinsic qualities. We have the ambition to grow in volume after this year of full commercialization, the PEUGEOT e-208 has the best cost of use in its category and we must continue to progress to gain market share with the PEUGEOT e-208 higher than that of the PEUGEOT 208 in combustion engine »- Hugues de Laage – B2B Sales Director France
„ Многу сме горди што PEUGEOT e-208 е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува PEUGEOT 208 да биде препознатлив по неговите внатрешни квалитети. Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација, PEUGEOT e-208 има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен удел со PEUGEOT e-208 повисок од оној на PEUGEOT 208 со мотор со внатрешно согорување »- Hugues de Laage – B2B Менаџер за продажба во Франција“.
(ПР текст)