Wizz Air, најбрзо растечката и најзелената авиокомпанија во Европа, денес објави дека воведе нова опција на својата мобилна апликација што ќе им овозможи на патниците на Wizz Air да активираат известување за цени на летовите кои им се од интерес.
Со ова ажурирање на апликацијата, регистрираните корисници сега можат да поставуваат опција за извесување за цени на најмногу пет летови за кои се заинтересирани да резервираат. Оваа нова опција автоматски ќе ги известува корисниците за зголемување или намалување на цените на билетите, така што патниците можат брзо да резервираат ако цените одеднаш почнат да се зголемуваат, или да ги искористат намалените цени на веќе ултра-ниските основни цени на Wizz Air.
За да поставите известување за цените, симнете ја мобилната апликација на Wizz Air, најавете се на вашиот профил, побарајте лет и потоа овозможете „известување за цена“. Известувањата се испраќаат еднаш дневно преку нотификација и автоматски ќе се избришат откако летот што се следи ќе полета. Апликацијата за мобилни уреди Wizz Air е достапна за корисниците на Android и iOS бесплатно.
Paulina Gosk, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: “Ние во WIZZразбираме дека патниците бараат летови со прифатлива цена кога ги планираат своите патувања, затоа отсекогаш сме биле посветени да понудиме најниски цени во индустријата. Опцијата на мобилната апликација за известувањена цените се надоврзува на оваа практика, овозможувајќи им на патниците на „Wizz Air“ да обезбедат најдобри цени на летовите преку известувања испратени директно на нивниот паметен телефон. Знаеме дека патниците сонуваат за своите планови за годишни одмори кога ќе се укинат ограничувањата, па затоа сме возбудени што ја стартуваме овааопција за да се осигураме дека нашите патници ќе ја добијат најдобрата можна цена.”