Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Twitter налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа, Нед Сегал.
„Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер“, изјави Сегал за CNBS.
Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат тогаш се отстрануваат од Twitter, така да никогаш не можат да се вратат.
„Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог“, посочи Сегал.
Во јануари трајно е укинат налогот на Twitter на Трамп, по упадот на неговите приврзаници во Конгресот.