Xiaomi Redmi Note 10 серијата е една од најочекуваните линии телефони во 2021. година. Компанијата сега официјално потврди дека Redmi Note 10 ќе биде претставен на почетокот на март.
Тизерот што го најавува ова претставување е објавен на Redmi Twitter профилот од Индија. Најавата не открива никакви детали и единствено сугерира дека Redmi Note 10 ќе добие голема надградба во однос на својот претходник.
#RedmiNote10 series – 2021's smartphone of the year is making it's way home in early March. ⚡️
India's most-loved smartphone series is getting an upgrade unlike anything anyone's ever seen before! ?
Are you ready to be blown away by the #10on10 experience? Heads up! ? pic.twitter.com/vs9KGJAhOG
— Redmi India – #RedmiNote10 Series is coming! (@RedmiIndia) February 10, 2021
Гласините од претходно сугерираа дека Redmi Note 10 линијата ќе користи Snapdragon 750G чипсет и 108MP главна камера, но се уште се очекуваат повеќе информации за претстојните телефони.