Концептот на пловечки објект што го чисти океанот од отпад и го подготвува за рециклирање освои награда за дизајн.
Импресивниот концепт дизајн наречен осми континент е пловечка станица која нуди решение за еден од најголемите проблеми на денешницата, а тоа е отпадот во океаните.
Концептот го потпишува Ленка Петракова, а е дизајниран да собира отпад од океанот и да го подготвува за рециклирање. Овој концепт ја доби наградата за архитектура и иновации од фондацијата Жак Ружери.
Петракова е дизајнерка во компанијата Zaha Hadid Architects во Лондон, а нејзината идеја првично ја развила на Универзитетот за применета уметност во Виена, Австрија, неколку години откако почнала да го проучува загадувањето на океаните.
Дизајнот е дизајниран така што осмиот континент плови во Тихиот Океан и се состои од пет главни делови. Бариерата го собира отпадот и енергијата од плимата, колекторот го сортира, разградува и складира отпадот, центарот за истражување и едукација се користи за учење и прикажување на ефектите врз океаните, зелените градини се наменети за одгледување на растенија и десаниација на водата, а има и станбен дел за живеење.
„Континентот“ е целосно самоодржлив, ја користи енергијата на брановите, но и сонцето, благодарение на соларните панели.
Петракова пронашла инспирација во морскиот живот, односно во живите самоодржливи водни организми.
„Сфатив колку океани се уништени и колку видови се истребени, колку е сериозно загадувањето и оние делови каде човекот сè уште не бил, а сепак се чувствуваат последиците од нашата активност“, рече Петракова.
Со оглед на количината пластика што завршува во океаните, концептот може да помогне да се подигне свеста и да се направи промена.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли