Популарниот YouTube канал JerryRigEverything на својот неконвенционален тест на издржливост го имаше неодамна објавениот Xiaomi Mi 11, кој пред неколку дена беше официјализиран глобално. Зак го подлегна телефонот на своите тестови на палење на екранот, гребење и свиткување, а Mi 11 моделот сето тоа го издржа без проблеми.
Смартфонот е креиран од метал, а куќиштето е без сомневање креирано за да трае долго. Екранот со Gorilla Glass Victus заштита се гребе од шестото ниво на Мосовата скала, а истото важи и за задниот панел, кој користи Gorilla Glass 5.
На тестот на свиткување со силата на рацете, Xiaomi не се скрши, ниту го загуби обликот. Повеќе детали можете да погледнете во пратечкото видео.