Кинескиот вселенски брод без човечки екипаж денеска успешно влегол во орбитата околу планетата Марс по патувањето кое траело шест и пол месеци, јавува кинеската државна телевизија.
Бродот „Тијанвен-1“ со тежина од пет тони, ги активирал моторите во период од 15 минути, за да забави и да го фати гравитацијата на Марс.
Тој сега ќе кружи околу планетата со рута во облик на елипса, а растојанието од Марс ќе се движи од 400 до 180.000 километри. Еден круг ќе трае 10 дена.
„Тијанвен-1″ постепено ќе ја намалува висината на орбитата и би можел да врши набљудувања на Марс и да се подготвува за влегување во атмосферата и спуштање на површината на ровер на соларен погон со тежина од 240 килограми, што би требало да се случи во мај.
Сe очекува дека бродот ќе се приближи до површината на висина од 265 километри, што ќе овозможи правење на снимки со висока резолуција.
Вчера во орбитата на Марс пристигнала истражувачката сонда „Надеж“, која ја пратиле Обединетите Арапски Емирати. Роверот на NASA „Пресервенс“, ќе се обиде да се спушти на Марс на 18. февруари.
„Тијанвен-1“ ќе собира податоци од орбитата и површината на Марс поради изучување на составот и топографијата на планетата, а со помош на радар ќе трага по вода и ќе го проучува составот на површината и климата.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли