Доколку вообичаено работите од дома користејќи повеќе монитори, а потоа на работа користите само еден помал дисплеј, тоа може да биде малку иритантно и лимитирачки. Expanscape има решение за овој проблем, во форма на прототип лаптоп под името Aurora 7.
Она што Aurora 7 лаптопот го разликува од другите модели е што пристигнува со седум дисплеи што можат да се преклопат. Ова значи дека кога ќе се отвори лаптопот, корисникот ќе може да ја гледа содржината на седум екрани. Постојат четири екрани со регуларна големина, два помали од секоја страна и еден вграден под тастатурата.
Expanscape нагласува дека станува збор за прототип, но во исто време има намера и да ги продава овие лаптопи. „Expanscape ќе ги произведува, продава и изнајмува прототип лаптопите, дури и пред да бидат финализирани, бидејќи гледаме дека постои побарувачка за ваквите уреди во DevOps, SecOps, CyberSecurity и другите области.
Интересно е дека 2017 година, Razer го прикажа Project Valerie, лаптоп со три екрани. Сепак, овој модел никогаш не беше официјално објавен или пуштен на продажба.