Google би требало да го претстави Android 12 оваа година, а пред официјалната објава не очекуваат рани бета тестови, од од кои првиот би требало да почне за неколку недели.

Во меѓувреме, се појавија скриншотови кои наводно покажуваат како би можеле да изгледаат некои делови на Android 12. Судејќи според се, Google подготвува редизајн за својата платформа. Фотографиите доаѓаат од документ подготвен од Google за да ги сумира промените што доаѓаат во новата верзија на Android.

Иконите прикажани во горниот десен агол, му пружаат информации на корисникот =за тоа дали одредена апликација ја користи камерата или микрофонот. Кога ќе се притисне на овие икони, се добива pop-up порака со која се известува што користи секоја апликација. Ќе постои и побрз начин да се оневозможи камерата или микрофонот, со едно притискање на копче. Се сугерира дека Google ќе бара од производителите да користат индикатори за користење на камерата и микрофоно,т кога компаниите ќе ги објавуваат своите верзии на Android 12.

 

Quick Settings иконата би можела да го менува обликот во зависност од активноста што се извршува (или можеби нејзиниот дизајн се уште не е конечен). Моментно се видливи само четири Quick Settings икони, кои се поголеми и полесно може да им се пристапи.

Не очекуваат и нови виџети, како што е Conversations виџетот што укажува на неодманешните пораки, пропуштени повици и статусите на активност. Во својата најмала големина Conversations виџетот ќе прикажува само една активност.

Останатите карактеристики на Android 12 вклучуваат спарување на апликациите, двојно притискање на задната страна за гестикулација, делење на WiFi лозинки со блиските уреди, подобрен систем на теми, ажурирање на емотиконите и функцијата на хибернација.

Повеќе скриншотови од Android 12 верзијата на оперативниот систем се достапни на следниот ЛИНК.