Неодамна претставената Galaxy S21 серија на телефони пристигна во продавниците ширум светот, давајќи им можност на корисниците од прва рака да го искусат супериорно искуство со паметни телефони. Дизајнирана за модерниот начин на живот, оваа серија додава низа нови функции на водечкото Samsung семејство на уреди, што секојдневните моменти ги прави еписки.
Без оглед дали корисниците своите Galaxy S21 телефони ги нарачуваат онлајн или ги купуваат директно од малопродажните места, Samsung подеднакво внимание обрнува на сите, давајќи им најдобро можно искуство. Во време на глобална здравствена криза, Samsung презеде дополнителни мерки на претпазливост во своите малопродажни објекти, за да обезбеди сигурност на вработените и клиентите. Мерките за безбедност вклучуваат одржување на социјално растојание, мерење на температурата, задолжителна употреба на маски и често чистење на површините во продавницата. Покрај дезинфекција на уредите во фабриката, телефоните наменети за изложување во продавниците исто така редовно се дезинфицираат.
Поврзани артикли