Компанијата IBM најави дека очекува брзината на квантните компјутери да се зголеми за дури 100 пати.
IBM претстави подобрен софтвер за квантно сметање, а во следните две години планира да креира и апликации, кои благодарение на квантните компјутери, би можеле да ги решат проблемите поврзани со вештачката интелигенција или да извршуваат сложени финансиски пресметки.
Најголемиот дел од софтверот ќе биде направен со употреба на open-source технологија, благодарение на која секој ќе може да помогне во подобрувањето на технологијата на квантните компјутери, а како што IBM наведува во соопштението, компанијата всушност и се потпира на помошта на сите што сакаат да придонесат „стократно забрзување што побрзо да дојде“.
Ова е само дел од напорите што големите компании го вложуваат за да им ги приближат на „обичните луѓе“ начините на кои работат квантните компјутери и квантната технологија воопшто, со оглед на тоа што целата приказна не е доволно развиена и е прилично тешко да се користат квантни компјутери за извршување на секојдневните пресметки.
Софтверските забрзувања што се очекуваат, можат да значат дека задачите за кои денес се потребни неколку месеци, всушност се прават за неколку часа, што квантните компјутери доста би ги приближило до класичните, кога е во прашање секојдневната употребливост (секако, со многу повеќе можности).