Симптомите на заразниот „британски“ вид на коронавирус се нешто поразлични од претходно доминантната варијанта, покажува студија на британското Национално биро за статистика.
Губењето на мирис и вкус – „заштитен знак“ на заразата со основниот вид коронавирус, е нешто поретко кај заразата со таканаречената варијанта Б.1.1.7.
Кашлицата, заморот, болката во мускулите и болките во грлото се почести кај оваа верзија на вирусот.
Нема разлика во симптомите на главоболки, отежнато дишење, пролив и повраќање.
Студијата ги разгледала податоците од случајно избрани 6.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирус.