Прототип на товарната ракета Space X Starship SN 9 експлодираше за време на слетувањето по успешното лансирање во Бока Чика во Тексас и летот на голема надморска височина.
несреќата во јужен Тексас се случила за време на тестирање на големи надморски височини. Ракетата е дизајнирана да пренесува луѓе и товар до 100 тони во мисии на Месечината и на Марс.
За потсетување, вселенското летало SN 8 експлодираше и за време на тестирањето во декември минатата година.
Според идејата на милијардерот Елон Маск, кој е основач на програмата SpaceX, вселенското летало SN 8 е направено така што може повторно да се користи, а истовремено може да носи товар и патници во вселената.