Мутацијата на коронавирусот E484K која предизвикува најголема загриженост се појавила спонтано во сојот B.1.1.7 отктиен во Велика Бротанија, рече професорот по епидемиологија и член на кризниот штаб Калум Сампл.
Мутацијата E484K која се јави на протеинот S иста е како промената видена во соевите откриени во Јужна Африка и Бразил кои предизвикаа меѓународна загриженост, пренесе Би-би-си.
E484K, која предизвикува најголема загриженост, исто така се појави спонтано во сојот B.1.1.7 кој прво е откриен во округот Кент, на југоистокот на Англија, рече Сампл за радио Би-би-си.
Податокот дека мутацијата E484K спонтано се појавила во Велика Британија веќе е објавен во техничкиот извештај кој го направи Институтот за јавно здравје на Англија, но не доби поголемо внимание освен во академските кругови.
Во овој извештај се наведува дека откриен е ограничен геном поврзан со мутацијата E484K во сојот B.1.1.7.
Извор: B92.net
Поврзани артикли