Xiaomi кон крајот на 2020 година го претстави Mi 11, а бројни гласини укажуваат на тоа дека во сееријата телефони ќе се приклучат уште два модела – Mi 11 Lite и Mi 11 Pro. Сега дојавувач објави некои од карактеристиките на уредот.
Според извори од Кина, Mi 11 Lite ќе има OLED екран со punch-hole отвор за селфи камерата, Qualcomm SM7350 чипсет, главна камера од 64MP и 5x телефото сензор.
Секоја од овие карактеристики е интересна. Најпрвин, сè уште не постои Qualcomm SM7350 чипсет, а некои сугерираат дека станува збор за Snapdragon 755G креиран во 5nm процес, кој ќе има моќно Cortex-A78 јадро.
Камерата од 64MP е послаба од 108MP сензорот на Mi 11 моделот, но овој пат би требало да стигне со перископ објектив. Ќе постои и споменатата 5x телефoto камера, според информациите на дојавувачот.
Поврзани артикли