Кога следниот пат вашето куче ќе реши да побегне во соседството, ќе ја загубите торбата на аеродромоили не можете да ги пронајдете клучевите од автомобилот, доволно е да ја отворите апликацијата на вашиот паметен телефон и да видите каде е скриен бараниот предмет.
На секого барем еднаш во животот му се случило во паника да бара нешто што некаде оставил и не се сеќава каде. Од клучеви за станот или автомобилот, до мобилните уреди или торби.
Според некои истражувања, во просек поминуваме повеќе од пет минути дневно, барајќи работи како клучеви или паричник, а кои најчесто се наоѓаат некаде блиску до нас.
Еден од начините да избегнете панично барање е со користење на Galaxy SmartTags на Samsung. Се работи за паметни плочки што е потребно да се ставаат на работи што не сакате да ги изгубите (како багаж или домашни миленици) и да се поврзат преку апликацијата SmartThings Find.
Кога следниот пат вашето куче ќе реши да побегне во соседството, ќе ја загубите торбата на аеродромоили не можете да ги пронајдете клучевите од автомобилот, доволно е да ја отворите апликацијата на вашиот паметен телефон и да видите каде е скриен бараниот предмет.
SmartTags автоматски испраќаат приватен идентификатор и BLE (Bluetooth Low Energy) сигнал за пребарување, веднаш штом вашиот уред се најде надвор од опсегот подолго од 15 минути. За да може да ги пронајдете вашите работи дури и кога не се во ваша близина, SmartTag ја користи мрежата на Galaxy мобилните уреди. На тој начин, кога SmartTag ќе испрати BLE сигнал, било кој Galaxy мобилен уред (паметен телефон или таблет) ќе го препознае сигналот и преку SmartThings Cloud ќе ја ажурира неговата локација, за да можете да го пронајдете во својата апликација SmartThings Find.
Ако апликацијата ви покаже дека SmartTag е во ваша близина, а сè уште не можете да ги пронајдете работите, можете да активирате ѕвонче на SmartTag. На тој начин ќе ги најдете клучевите, дури и ако се наоѓаат под креветот или во торба.
Но, SmartTag може да ви помогне да го пронајдете вашиот Samsung Galaxy телефон. Доволно е два пати да кликнете на копчето кое се наоѓа на SmartTag и телефонот ќе се „јави“.
Поврзани артикли