Во екот на излегувањето на новите Xbox и PlayStation конзоли, лесно се заборава дека постои и трет голем играч – Nintendo, кој бележи нов рекорд.
Nintendo во минатиот квартал продаде дури 11,57 милиони Switch конзоли, што доведува до вкупен број од речиси 80 милиони продадени примероци. Ова е нивниот нов квартален рекорд, раст од 7 отсто во однос на истиот период минатата година, а што е уште поимпресивно, Switch наскоро го прославува својот 4-ти роденден.
Исто така, ова значи и дека Switch по продажбата го надмина семејството Nintendo 3DS и 2DS, кое продало 75,94 милиони примероци. Ако Switch би имал пролет каква што се очекува, ќе го надмине и бројот на продадени Game Boy Advance конзоли, пренесува Engadget.
Популарноста на оваа конзола не би требало да нè изненадува. Сè уште поминуваме голем дел од времето дома, па ако сте во постојана борба за место пред телевизорот, се исплати да се има конзола која има сопствен екран.
Со феноменални видео игри и преносливост, лесно е да се сфати зошто Nintendo Switch и понатаму е актуелен, и покрај проблемите со контролерите кои не престануваат да се појавуваат.
Извор: B92.net