Во последните 50 години популацијата на ајкули е намалена за 70 проценти, покажа студија објавена во Nature.
Зголемениот риболов од 1970 година направи значително да се намали бројот на ајкули. За половина од 31 вид ајкули во светот се смета дека се загрозени или критично загрозени. На тоа предупреди и Меѓународната унија за заштита на природата.
„Не престанува намалувањето на бројот на овие животински видови. Нашите океани се многу исцрпени и затоа ни се потребни проактивни мерки за да го спречиме колапсот. Ова треба да биде нов повик на побуна на донесувачите на одлуки“, укажа Нејтан Пакоро, водечки автор на студијата и истражувач од канадскиот Универзитет Сајмон Фрејзер.
За ова истражување се користени податоци од претходни студии и податоци за лов. Авторите на студијата стравуваат дека бројот на ајкули во реалноста е уште помал бидејќи немале податоци од 1950 година кога е започнат масовниот индустриски риболов.
Освен прекумерниот риболов, предизвикувачи на овој проблем се и експлоатацијата на нафта и гасови, климатските промени и слично. Претходните податоци покажаа дека секоја година се убиваат 100 милиони ајкули, со што се намалува нивната способност за размножување.
Извор: Klix.ba