На 28. јануари, пред 35 години се случи една од најголемите катастрофи во историјата на истражувањето на вселената. Набрзо после полетувањето, точно после 73 секунди, леталото „Челенџер“ експлодираше.
Истрагата покажа дека врели гасови го пробиле резервоарот за гориво, при што настанала катастрофалната експлозија. Во несреќата загинаа сите седум астронаути на американската вселенска агенција.
Тој кобен ден животот го загубија командантот Дик Скоби, потоа Крис Мекалиф, Грегори Џарвис, Џудит Ресник, Мајк Смит, Роналд Мекнер и Елисон Онизука.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли