Компанијата Axiom Space од Хјустон ја најави својата прва комерцијална вселенска мисија, во која четворица цивили ќе патуваат на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Со мисијата наречена Ax-1 ќе управува компанијата Axiom Space, а на неа ќе присуствува поранешниот астронаут на американската вселенска агенција NASA, Мајкл Лопеz-Алегриа, кој е и потпретседател на компанијата. Пилот ќе биде американскиот бизнисмен Лери Конор.
Патувањето na ISS ќе чини 55 милиони долари по лице, а лансирањето на Crew Dragon, капсулата произведена од SpaceX, нема да се случи пред јануари 2022. година.
Канадскиот инвеститор и филантроп Марк Пети и неговиот израелски колега Ејтан Стибе ќе бидат специјалисти на мисијата.
Четворица цивили времето во вселената ќе го поминуваат во американскиот дел на ISS, каде ќе престојуваат осум дена и ќе спроведуваат приватно финансирани истражувања.
Лопез-Алегриа последен пат беше на ISS во 2007 година и за време на неговата дваесетгодишна кариера заврши четири вселенски мисии. Ако сè се одвива според планот, тој ќе стане првиот човек што ќе биде командант на цивилна и приватна вселенска мисија. Конор ќе стане првиот пилот на приватна вселенска мисија во вселената.
Поранешниот астронаут на НАСА, Пеги Витсон, ќе биде резервен командант на мисијата.
Axiom Space е основана во 2016 година и има намера да нуди приватни и национални вселенски летови двапати годишно, а тој број може да се зголеми.
Конгресот на САД сака да го „пензионира“ ISS до крајот на 2030 година, а НАСА им наложи на некои компании да изградат „приватен хотел“ за вселенската станица што може да се спои со структурата најрано во 2024 година.
Axiom Space е меѓу оние што развиваат „вселенски хотел“, а неговите сегменти ќе се одвојат кога ISS ќе ја заврши својата услуга.