Иако не објави детали, новиот американски претстедател Бајден има намера да го електрифицира целиот државен возен парк, односно повеќе од 645.000 возила.
Само што седна на жешкото столче како прв човек на САД, Џое Бајден почна да потпишува уредби кои се во целосна спротивност со она што го правеше неговиот претходник. Една од тие уредби се однесува и на враќањето на Америка на Парискиот договор за климата, а најави и големи промени во возниот парк на државата. Овој возен парк вклучува цивилни возила, воени возила и поштенски возила, а се работи за вкупно над 645 илјади возила.
Бајден планира да ги сите тие возила да ги замени со – електрични возила, при што посебно ги спомена возилата „made in USA“. „Големата флота возила ќе ја замениме со чисти електрични возила произведени во Америка, со потписот на американските работници“, најави Бајден. Оваа одлука не е изненадувачка, бидејќи Бајден зборуваше за такви планови уште во текот на кампањата.
Pres. Biden: "The federal government also owns an enormous fleet of vehicles, which we're going to replace with clean electric vehicles made right here in America, by American workers."https://t.co/figJbDMrpt pic.twitter.com/racgwk9VGw
— ABC News Live (@ABCNewsLive) January 25, 2021
Иако ова е одлична вест за сите американски производители на електрични автомобили, порталот The Verge верува дека Tesla нема толку да профитира од оваа одлука, поради фактот што компанијата на Маск претежно е фокусирана на полуксузните возила (што сепак делумно се промени со 3 и Y моделите). Од друга страна, тоа е добра вест за компаниите како Ford и GM, кои во својата електрична флота имаат и доставни возила.
Треба да се има на ум дека Бајден не објави никакви детали за оваа своја одлука, па затоа не е познато кога ќе почне оваа голема транзиција и кога се очекува да биде готова. Секако, со оглед на големиот број возила, транзицијата ќе потрае некое време, а во некои случаи би можела и да се оддолжи, посебно кога станува збор за некои специјални и воени возила за кои е потребно одредено време на развој пред нивната електрификација.
Она што го нагласуваат на Electrek е дека масовната електрификација ќе и донесе големи заштеди на американската влада – првично трошоците за набавка на возилата ќе бидат поголеми од трошоците за купување автомобили со мотори со внатрешно согорување, но долгорочно ќе остварат заштеди на горивото и одржувањето.
Поврзани артикли