Астрономите пронајдоа уште една чудна планета што би можела да им помогне подобро да го разберат универзумот.
Gizmodo пишува дека тим од Харвард и Smithsoninan Центарот за астрофизика забележал огромен гасен гигант, оддалечен 575 светлосни години. Планетата ја доби ознаката WASP-62b уште во 2012 година, но астрономите дури сега ја проучија нејзината атмосфера. Интересно е дека на оваа планета, една година трае четири дена.
Спектроскопската опсервација на вселенскиот телескоп Хабл покажа големо присуство на натриум, елемент што би бил скриен доколку во атмосферата на планетата постојат облаци. Астрономите обично откриваат само мали траги на присуство на натриум, така што ова е силен доказ дека се равоти за планета без облаци.
Тимот научници се надева дека вселенскиот телескоп James Webb ќе овозможи подобра резолуција и прецизност при понатамошно проучување на планетата и ќе најде елементи како силициум. Ова би можело да помогне подобро да се разбере како се формираат овие планети и дали има разлики во однос на световите со облаци.
Иако овој тип на планета е невообичаена, сепак би можела да го промени начинот на размислување за планетите во целина.
Поврзани артикли