Новите информации сугерираат дека Xiaomi планира во текот на оваа година да претстави нова паметна нараквица како дел од Mi Band серијата. Тоа би требало да биде Mi Band 6.
Корисникот MagicalUnicorn од форумот Geekdoing, објави некои детали за Zepp апликацијата, за која се вели дека е креирана за Mi Band 6. Според извештајот, Mi Band 6 е наведен под кодното име „Pangu“, а паметната нараквица ќе пристигне со бројни корисни функции како и претходниот модел, но ќе има и надградби.
Изворниот код на Zepp апликацијата сугерира дека Mi Band 6 ќе има поддршка за Alexa гласовниот асистент, SpO2 сензор за мерење на заситеноста на кислород во крвта, а ќе биде достапен во варијанти со и без NFC поддршка. Покрај тоа, фитнес-уредот ќе има вграден GPS.
Рендерите на уредот покажуваат позадини со поголема резолуција, што може да значи дека Mi Band 6 ќе има поголем дисплеј од Mi Band 5 (кој имаше 1,1 инчен екран). Дојавувачот споменува и дека нараквицата ќе има 30 модови за различни активности, меѓу кои се Zumba, крикет, танцување, кошарка и кикбокс.