Apple го задржа речиси истиот дизајн за својот MacBook Pro лаптоп во последните неколку години. Сепак, гласините за редизајн се појавуваат веќе некое време и сега Bloomberg укажува на потенцијална „нова“ функција.
Извештајот укажува на тоа дека Apple конечно ќе го врати слотот за SD картички во MacBook Pro, како дел од овој редизајн.
Последен пат кога слотот за SD-картички беше присутен во MacBook Pro беше во 2016 година. Оттогаш, фотографите и креаторите на видеа мораа да се потпрат на USB-уредите и хабовите
Извештајот на Bloomberg ги потврдува и претходните информации на аналитичарот Минг-Чи Ку, кој сугерираше дека Apple може да го исфрли Touch Bar од новиот MacBook Pro модел.
Поврзани артикли