Ова не е прв пат уредите на Apple да помогнат во спасување на животите на своите корисници, а со оглед на сите опции што ги имаат, веројатно нема да биде ни последен.
Веќе е добро познато дека носечките уреди можат да го подобрат здравјето на своите сопственици. Во некои случаи, тие можат да ги предупредат на претстојна болест (како што е Ковид-19 или срцев удар), а во други дури и да им го спасат животот.
Токму тоа и се случи на една жена од Тексас, која беше киднапирана од маж, а беше пронајдена благодарение на фактот дека го имаше својот Apple Watch.
Како што јавуваат локалните медиуми, жената се скарала со мажот на паркинг, а потоа едноставно исчезнала. Нејзината ќерка ја слушнала расправијата, а дека нешто не е во ред сфатила откако слушнала врескање, а потоа се стивнало.
Набрзо потоа, жената и се јавила преку нејзиниот Apple Watch, откривајќи дека ја киднапирал мажот со кој се расправала. Ќерката се пријавила во полиција, која ја искористила можноста на лоцирањето на Apple Watch за да ја пронајде киднапираната жена.
Иако никаде точно не е наведено која опција ја користеле полицајците на Apple Watch за да ја пронајдат киднапираната жена, познато е дека полицијата често го користи лоцирањето на мобилните уреди за полесно пронаоѓање на лица во неволја. Оваа техника можеле да ја користат и во овој случај, бидејќи Apple Watch имал можност за користење на мобилна мрежа. Друга опција е „Find My“ на Apple, која ги лоцира регистрираните уреди на компанијата. Во овој случај, жената е пронајдена неповредена, а мажот кој ја киднапирал побегнал кога ја забележал полицијата. Уапсен е неколку недели подоцна под обвинение за киднапирање.
Ова не е прв пат уредите на Apple да помогнат во спасување на животите на своите корисници, а со оглед на сите опции што ги имаат, веројатно нема да биде ни последен.