Осмото продолжение на играта Resident Evil доби официјален датум на пристигнување на пазарот.
Capcom официјално соопшти дека видео играта Resident Evil Village пристигнува на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X на 7-ми мај оваа година, а ќе можат да ја играат и сопствениците на PlayStation 4 и Xbox One.
Од компанијата најавија дека демото на играта е веќе достапно и за PlayStation 5.
Capcop објави и нов трејлер кој нуди досега најдобар увид во играта и гејмплејот. Девелоперите ја претставија и мултиплеер верзијата на играта Re:Verse со бројни ликови од светот на Resident Evil. За секој кој ќе ја купи Village, мултиплеер верзијата ќе биде бесплатна.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли