Јужнокорејската компанија LG долги години беше добро познато име на пазарот на телефони. Сепак, последниве неколку години, ја губи трката со „поголемите играчи” на пазарот.
За многумина и не е изненадување информацијата дека смартфоните на LG наскоро може да заминат во историјата. Според The Korea Herald, вработените во LG electonics биле информирани дека „се подготвуваат големи промени во плановите за производство на телефони“. Сè уште не е познато што точно значи тоа, па претпоставките говорат дека одделот задолжен за паметни телефони ќе биде продаден или целосно затворен.
Компанијата загуби 4,5 милијарди долари последниве пет години само на пазарот на паметни телефони, па затоа оваа одлука можеби не е толку изненадувачка како што може да изгледа на прв поглед.
Сепак, Квон Бонг-Сеок, извршен директор на компанијата, им порача на своите вработени дека нема да бидат отпуштени. Ова е поткрепено со фактот што фирмата неодамна се префрли на други видови технологија. Пред сѐ, акцентот е на паметни домашни уреди, какви што скоро беа прикажани и на овогодишниот CES саем.
Поврзани артикли