Американски истражувачи од Медицинскиот центар на Универзитетот Раш развија терапија со пептид што може да спречи развој на тешка форма на болеста Ковид-19, објави Journal of Neuroimmune Pharmacology.
Новоразвиениот пептид (азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици) ја спречува причината за смрт кај болни од Ковид-19 – цитокинска бура.
По тестирањето врз глувци, експертите откриле дека молекулата помага во заштитата на белите дробови, ја намалува телесната температура и ја подобрува работата на срцето.
Според научниците, коронавирусот може да стане сезонско заболување како грип, па затоа повикуваат на развој на лекови и терапии што намалуваат воспаленија предизвикани од Ковид-19.