Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат со уште позаразни видови коронавирус.
Тимот што стои зад вакцината од „Оксфорд“ и „Астра зенека“ спроведува студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината, пишува британски „Телеграф“.
Портпаролот на Универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на откриените нови видови коронавирус во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптација на вакцините што е можно побргу во борбата против мутациите на Ковид-19.
Поврзани артикли