Компанијата Samsung прв пат го најави претставувањето на познатата Bespoke линија на фрижидери на најголемиот саем за потрошувачка електроника, CES 2021.
Bespoke фрижидерите поседуваат целосно нов Flex формат со четири врати со елегантни линии, со современо дизајниран рамен панел со вдлабнати рачки, кој се вклопува во различни стилови на кујни. Со осум единствени бои и завршни доработки од стакло или челик, истите нудат посебни можности во рамките на дизајнот. Палетата на бои, во кои ќе бидат достапни овие фрижидери, опфаќа сиво, небесно сино, тегет, бело и розево стакло, како и тегет, мат црн челик и шампањ боја.
„Како што семејствата поминуваат сè повеќе време дома, тие сè повеќе вложуваат во куќни апарати кои можат да ги персонализираат, а тоа е токму она кое го нуди нашиот Bespoke асортиман“, истакна Џон Херингтон, виш потпретседател и генерален директор на одделението за кујнски апарати на компанијата Samsung Electronics America. „Bespoke фрижидерите се прилагодливи на секој ентериер, имајќи во предвид што се изработени во повеќе бои, од различни материјали и со завршни обработки, од кои можете да одберете во склоп на вашиот стил, а исто така можете да го прилагодите и внатрешниот простор на фрижидерите со помош на променливите фиоки и другите единствени карактеристики“, додаде Херингтон.
Правејќи го целокупниот дизајн елегантен, Flex Bespoke фрижидерот доаѓа со нов дел за пијалаци во внатрешноста на горните леви врати, кој овозможува брз пристап до филтрираниот дозатор и AutoFill бокалот за вода. AutoFill бокалот автоматски се дополнува со свежа, филтрирана вода, а во неа можете да додадете вкус по ваш избор. Фрижидерот поседува и двостран ледомат, кој прави, не само обични коцки мраз, туку и „мрвици“, кои побрзо го оладуваат пијалокот.
Flex Bespoke содржи напредната Flex зона, прилагодлив дел кој ја менува температурата на фрижидерот во температурата на замрзнувачот, задоволувајќи ги различните семејни потреби за складирање на храна. Flex зоната има пет опции на подесување на температурата за: замрзнување, благо замрзнување, месо и риба, овошје и зеленчук, како и за пијалаци. Тука е и FlexCrisper ™ кој овозможува месото или рибата да ги чувате на оптимална температура, како и Crisper + ™ кој вашето овошје и зеленчук ги оддржува свежи подолго време.
Компанијата Samsung ќе ја претстави Bespoke линијата на фрижидери во Европа и во земјите на Блискиот Исток во текот на 2021. година, проширувајќи се вон северно-европскиот и азискиот пазар, каде што моментално е достапен овој асортиман, додека во САД ќе биде од оваа година.
Повеќе информации за најновите Samsung производи побарајте на https://www.samsung.com/mk/explore/experiences/ces2021/.